Сусо спречи нов пораз на Севилја

Севилја дефинитивно се наоѓа во криза, откако серијата слаби резултати во Ла Лига продолжи со денешното реми на домашен терен против Еспањол. Лопетеги и неговите избраници се доведоа во ситуација да се спасуваат од пораз, а најзаслужен што беше освоен барем еден бод е Сусо, кој го постигна голот за израмнување.

Севилја прва дојде во водство преку Окампос, кој прецизно биеше со глава по центаршутот на Сусо. Домаќините не знаеја како да ја задржат предноста, па Еспањол направи целосен резултатски пресврт. Еспањол дури имаше и шанси за трет гол, но казната стигна кога Сусо со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го матираше Лопез.

Севилја со денешното реми има 40 бода, со што оваа екипа е израмнета по бројот на бодови со Атлетико Мадрид на делба на четвртото место на табелата.

Се вчитува...