Ѓорѓи Чековски и Работнички го завршија настапот за оваа натпреварувачка сезона, но поранешниот репрезентативец ќе го пропушти и стартот на новата сезона по казната што му беше изречена од страна на Комесарот за натпреварување, Владо Цветковски. Имено, Чековски бил пријавен од страна на официјалните лица на последниот меч во „Градски парк“, па комесарот врз основа на таа пријава “за обраќање на судиите со навредливи, омаловажувачки и погрдни зборови“ донесе одлука за суспензија од еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА