Светислав Пешиќ повторно на клупата на Србијa?

Игор Кокошков и дефинитивно нема да остане на клупата на српската кошаркарска репрезентација по дебаклот во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Токио и елиминацијата од Италија на турнирот во Белград.

Српските медиуми пренесуваат дека нов селектор на Србија ќе биде искусниот Светислав Пешиќ. Пешиќ беше на чело на репрезентацијата во 2002 година кога тогаш под Југославија славеа на Светското првенство во Индијанаполис.

Кокошков неодамна беше претставен како нов асистент на Џејсон Кид во Далас Маверикс.

Се вчитува...