Австрија и Алжир одиграа 3-3 во денешниот натпревар на СП 2026, резултат до кој се дојде со два гола во судиското продолжение а по кој Иран беше испратен дома, без шанса за место меѓу најдобрите осум третопласирани репрезентации.
Во 93. минута, Марез постигна гол за водство на Алжир и се чинеше дека Австријците си одат дома. Но, тоа не беше крај на натпреварот, бидејќи во 96. минута, преку Калајџиќ, Австрија стигна до рем од 3-3 и продолжи на Светското првенство 2026, а Иран беше тој што на крајот мораше да си оди дома.
По натпреварот, видео кое се појави на социјалните мрежи предизвика многу полемики, на кое се гледа како Марко Арнаутовиќ дофрла нешто на алжирските клупа откако се дојде до 3-3.
На форумите имаше коментари дека Арнаутовиќ лично му се обратил на селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ, на босански јазик.
„Владимире, еј, зошто постигнувате гол за 3-2?“, наводно му рекол Арнаутовиќ на Петковиќ откако Австрија израмнила.
Секако, сè треба да се земе со резерва, бидејќи ова се коментари од разни форуми, и сè не е јасно видливо на видеото. Сепак, проценете сами што се случи во видеото подолу.
Да ве потсетиме дека Арнаутовиќ свесно не ја покриваше устата додека му кажуваше нешто на Петковиќ бидејќи во тој случај ќе добиеше црвен картон.
Ralf Rangnick pleaded with the referee not to card Marko Arnautovic after he used abusive language towards the Algerian player. pic.twitter.com/pyCnv66jtr
— Football Fans Stuff (@officialffsnews) June 28, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
