Светот добива нов „Усаин Болт“: Срушен рекордот на легендата! (ВИДЕО)

Ерион Најтон од Соединетите Американски Држави оствари четврто најбрзо време на 200 метри во историјата. Младиот тркач патеката ја истрча со време од 19.49 и така стана светски рекордер во јуниорска конкуренција.

Меѓутоа еден податок е поважен. Младиот Американец успеа да го сруши рекордот на Усаин Болт кој во 2004 година истрча со време од 19.93.

Атлетската легенда од Јамајка долги години го држеше тој рекорд додека не се појави Ерион кој издоминира во својата конкуренција.

 

Се вчитува...