Светот го има новото атлетско тинејџерско чудо кое е пред соборување на рекорд стар три децении

Светот во името на 19-годишната Јарослава Махучик има нова атлетска ѕвезда.

Со само 19 години на митингот во Словачка прескокна 2.06 метри во скок во височина, на тој начин станувајќи најмладата атлетичарка која во историјата успеала да ја елиминира оваа висина.

Махучик го освои светското сребро со прескокнати 2.04 метри, што е светски јуниорски рекорд. Многумина веќе предвидуваат дека лесно ќе ја достигне и висината од 2.10 метри, па дури и до 2.15 што би било прв случај во историјата на женската атлетика, односно дисциплината скок во височина.

Актуелниот светски рекорд го држи легендарната Бугарка, Стефка Костадинова, која прескокна 2.09 метри.

Се вчитува...