Светот ја шокираше Европа и стигна до првиот трофеј во Лејвер купот

Тимот на Светот успеа да го шокира големиот фаворит Европа и да стигне до првиот трофеј во „Лејвер купот“.

Остатокот од светот одигра неверојатно во последниот ден и успеа да ги добие сите три меча, а клучниот поен го донесе Американецот Френсис Тиефо кој со 2-1 по сетови го совлада грчкиот тенисер, Стефанос Циципас.

Претходно, Оже Алиасим во сингл славеше над Новак Ѓоковиќ, а Канаѓанецот во пар со Џек Сок беше подобар од Енди Мареј и Матео Беретини.

 

Се вчитува...