Светскиот рекордер Кипчоге со втор најдобар резултат во светот победи на маратонот во Лондон

Кениецот Елуд Кипчоге со рекорд на патеката и второ најдобро време во историјата победи на престижниот лондонски маратон. Тој имаш време од 2.02.30 часа и стана само првиот атлетичар кој четири пати триумфирал на трката во главниот британски град. Домашниот фаворит, Мо Фарах загуби ритам во текот на трката и заврши на петтото место.

Сонародничката на Кипчоге, Бригид Косгеи триумфираше во женска конкуренција и ја остави зад себе светската шампионка, Вивјан Черуто. Победничкото време на Косгеи беше 2.18.20. часа. Третата позиција и припадна на Роза Дереје.

На 39. издание на маратонот во Лондон учествуваа рекордни 42.000 тркачи.

Се вчитува...