Светскиот шампион во атлетика го тужи татко му за семејно насилство

Олимпискиот шампион на 1.500 метри Јакоб Ингебригстен и неговите браќа, исто така атлетичари, Филип и Хенрик го обвинија нивниот татко и поранешен тренер Ѓерт Ингебригстен за физичко насилство и малтретирање.

Ѓерт Ингебригстен во колумна објавена во норвешкиот весник VG ги негираше сите обвинувања што му ги покренаа неговите синови, а полицијата најави дека „ќе го истражи овој случај“.

Ѓерт беше тренер на трите сина од детството до февруари минатата година, а подоцна во јавноста стигна веста дека соработката е прекината поради семеен конфликт.

Се вчитува...