Светските шампиони ги искористија квалификациите за нов рекорд

Актуелниот светски првак Германија на доминантен начин ги мина квалификациите за мундијалот во Русија и потврди дека и таму ќе биде еден од главните фаворити за освојување на пехарот. „Панцирите“ вечерва со 5-1 го совладаа Азербејџан во последниот квалификациски меч, стигнувајќи до 10. триумф во исто толку меча, но поставија и нов рекорд. Избраниците на Јоаким Лев постигнаа вкупно 43 гола во овие квалификации и го срушија досегашниот рекорд на Шпанија.

Германците поведоа уште во 9. минута со голот на Леон Горецка, а израмнувачкиот гол на Рамил Шедаев во 34. минута донесе неизвесност во првото полувреме. Но, во вториот дел проработи германската машина. Вагнер, Рудигер и Горецка брзо зголемија на 4-1, а  Емре Чан со спектакуларен гол од далечина го постави конечниот резултат.

Се вчитува...