Светското клупско првенство од 2025 во нов формат

Светското клупско првенство од 2025 година ќе биде во сосема нов формат, па дури 32 клуба ќе се борат за светската титула. Последното издание во стар формат ќе биде во декември оваа година во Саудиска Арабија.

Од 2025 година Европа ќе има 12 клуба – победниците на Лигата на шампионите од 2021 до 2024 година, додека преостанатите учесници ќе бидат тимови со најдобар ранкинг во изминатите четири сезони.

КОНМЕБОЛ ќе даде шест клуба, победниците на Копа Либертадорес и уште две најдобри екипи според клупскиот ранкинг. Од Северна и Централна Америка, Африка и Азија ќе учествуваат по четири клуба. Океанија ќе биде со еден клуб, најдоброрангираниот меѓу победниците во континенталното натпреварување во периодот од 2021 до 2024 година.

Прв домаќин на светското клупско првенство во овој формат ќе биде САД.

Се вчитува...