СВР Тетово: Кривични пријави против навивачите кои влегоа на стадион на натпреварот во Тетово

Секторот за внатрешни работи од Тетово најави кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово за време на натпреварот меѓу Шкендија и Шкупи.

„Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави“ – информираат од тетовската полиција.

Се вчитува...