Табарез: Го исполнивме сонот на многу Уругвајци

Уругвај успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, и ќе го одмери силите со Франција за влез меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот. Уругвајците синоќа ја совладаа Португалија со 2-1, со двата гола на Единсон Кавани, и го исполнија сонот на своите фанови. За првпат по далечната 1970 година, Уругвај ќе има четвртфинална пресметка на СП.

Селекторот Оскар Табарез е одушевен од изданието на својата селекција.

„Горд сум на фудбалерите, го исполнивме сонот на многу Уругвајци. Многупати досега се надевавме на ваков успех, а сега ни појде од рака да се пласираме меѓу осумте најдобри селекции во светот. Можеби Португалците ја имаа топката повеќе во свој посед, но ние во секој момент ја имавме контролата на играта. Бевме добро позиционирани и го чекавме моментот кога ќе зададеме удар. Тоа на фантастичен начин го направи Единсон Кавани. Се надеваме дека ќе биде добро и дека ќе го имаме во тимот и за четвртфиналниот натпревар со Франција“, изјави Оскар Табарез.

Се вчитува...