Тадиќ максимално „скршен“: Не заслуживме ваков крај

Ајакс одигра едно слабо полувреме и плати прескапа цена, прими три гола на домашен терен од Тотенхем и не успеа да стигне до финалето од Лигата на шампионите. Душан Тадиќ, кој повторно беше главен играч на холандскиот гигант, не можеше да ги сокрие солзите по вчерашното разочарување.

„Кога имаш чувство дека нешто заслужуваш, а нема да го добиеш, нормално е да бидеш разочаран и лут. Никој не очекуваше да се најдеме во полуфиналето, сето ова е огромен успех, но кога ќе испаднете на ваков начин јасно е дека овој пораз уште долго ќе боли. Тажно е, не заслуживме ваков крај по сето она што го прикажавме сезонава“ – истакна Тадиќ.

Извонредните настапи на Тадиќ беа препорака тој да се најде на листата со желби на бројни тимови ширум Европа, но одличниот напаѓач јасно стави до знаење дека и во следната година ќе го носи дресот на Ајакс.

Се вчитува...