Тадиќ сакал на „Камп Ноу“, но Ајакс не го дозволил трансферот

Српскиот интернационалец Душан Тадиќ бил согласен да се пресели на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок откако Барселона покажа интерес за него во последните денови од јануарскиот прозорец. Сепак, раководството на Ајакс не дозволило да замине капитенот на тимот.

Барселона понудила позајица на шест месеци со опција за откупување на неговиот договор, но Ајакс останал на ставот дека Тадиќ е сепак многу важен играч за тимот и неговото заминување премногу би се почувствувало во играта. Покрај Тадиќ, Барселона се обиде да стигне и до Родриго од Валенсија, но на крајот се откажа од купување на офанзивен играч.

Се вчитува...