Тадиќ: Со српска музика ги лечев раните по поразот од Тотенхем

Фудбалерите на Ајакс сезонава беа вистински хит во Лигата на шампионите, успевајќи да стигнат до полуфиналето каде несреќно со гол во последните минути беа елиминирани од Тотенхем. Еден од најдобрите фудбалери на клубот од Амстердам, Душан Тадиќ вели дека тагата од поразот од Лондонскиот тим ја преболел со слушање српска музика.

„Кога сум разочаран знам да заплачам и да бидам емотивен бидејќи така успевам се негативно да исфрлам од себе. Кога отидов дома по поразот од Тотенхем пуштив српска музика и плачев цела вечер“, изјави Тадиќ. 

И покрај елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите, Ајакс имаше феноменална сезона освојувајќи ја двојната круна во домашното првенство.

Се вчитува...