Таеквондо репрезентацијата на Македонија предводена од Георгиевски беше дел од силен тренинг камп во Ниш (ФОТО)

Таеквондо репрезентацијата на Македонија продолжува со напорна работа околу следните предизвици. Освојувањето на Дејан Георгиевски на сребрен медал на Летните олимписки игри е само дополнителен мотив за следните предизвици.

„Добар дел од македонскиот национален тим во олимписко теквондо присуствуваше на седумдневен летен теквондо трениг камп во Ниш, Србија. Кампот беше организиран од страна на Теквондо клуб Астерикс од Ниш, на овој летен камп учествуваа над 200 спортисти од 10 европски држави. Одлично искуство и добар почеток на теквондо сезоната“, стои во соопштението од Таеквондо федерацијата на Македонија. 

Се вчитува...