Тајни тренинзи: Фудбалери од Премиер-лигата одржуваат форма, државата ќе ги казни клубовите

Фудбалерите од премиерлигашките клубови кои периодов се на „принуден одмор“ поради кризата со коронавирусот одржувале тајни тренинзи и со тоа ја загрозуваат можноста на нивните клубови да ги користат владините мерки за плати.

За да се добијат по 2.500 фунти за секој од вработените од владата неопходно е вработентите да бидат дома и да не извршуваат никави задачи поврзани со работодавецот. Затоа и клубовите во текот на кризата одржуваат минимум контакти со играчите. Дополнително што собирањето или тренинзите во поголеми групи се забранети на ниво на цела Велика Британија најмалку до 16. мај.

Играчите кои оделе на овие тајни тренинзи, а се смета дека клубовите го знаеле тоа, дури и им праќале планови за тренинзите, стравуваат дека ако не одржуваат форма оти кога ќе се вратат на комплетните тренинзи ќе страдаат од повреди. Додека тренираат играчите не носат опрема од клубот за да не привлекуваат внимание.

 

Се вчитува...