Талант Душебајев го теши Алекс: За мене како татко и како тренер – ти си најдобар во светот

Алекс Душебајев беше најдобар ракометар на Киелце сезонава, но шпанскиот репрезентативец ја имаше улогата на трагичар во големото финале, како единствен што не го реализираше својот седмерец во пенал-рулетот.

Тренерот Талант Душебајев на прес-конференцијата по натпреварот се осврна на настапот на својот син, давајќи му целосна поддршка во овие тешки моменти.

„Секако, разочарувањето е големо кога ќе се загуби на ваков начин натпревар во кој сте дале се од себе за да победите. Би сакал да му се заблагодарам од срце на Алекс Душебајев за настапите во целата сезона. Тој е најдобар ракометар во светот. Како тренер и како татко морам да кажам: Алекс, ти си најдобар, најдоброто што го имам во животот“, истакна Талант Душебајев.

Се вчитува...