Талески: Натпревар многу значаен за нас, да се заборави Работнички – на победа со Силекс

Фудбалерите на Пелистер денеска во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига во Битола ги очекува поправен испит против Силекс, по поразот од Работнички на гостински терен.

Исклучително значаен натпревар за избраниците на Димитар Капинковски во битката за бодови за опстанок во лигата

„Овој натпревар е еден вид бараж и за нас и за нив. Во игра се значајни бодови и токму поради тоа верувам дека ќе биде позатворена игра. Од самиот почеток треба да дадеме до знаење дека одиме на победа. Се надевам на три бода и да продолжиме каде што застанавме со Вардар. Против Работнички не одговоривме на задачите онака како што треба, но секоја екипа има падови. Очекувам почеток на нова позитивна серија до крајот на првенството. Покажавме карактер оваа полусезона и овој натпревар е позначаен за нас, отколку за Силекс. Тие се во добра серија, но се ќе зависи само од нас“ – вели голманот на „пелистерци“, Давор Талески.

ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...