Талески по триумфот над Шкендија: Ќе се бориме и за директен опстанок до последна капка крв

Чуварот на мрежата на прилепска Победа, Давор Талески, без сомнение е еден од најзаслужните за последните резултати на тимот преку кои се чини во голема мера се избегна можноста за директно испаѓање од прволигашката конкуренција сезонава.

Талески и на вчерашниот дуел во победата од 1-0 против Шкендија успеа да ја зачува сопствената мрежа на стадионот на „Могила“, продолжувајќи ја минутажата на несовладливост откако Победа игра на ова игралиште. Цели 419 минути капитенот на прилепчани не дозволува погодок во неговата мрежа.

„Ова беше навистина голема победа за нас. Сите сме пресреќни. Демонстриравме навистина добра игра за заслужени три бода. Голема благодарност до сите прилепчани кои беа со нас а посебно до нашиот 12-ти играч, навивачката група ‘Мајмуни’. Сега се концентрираме на наредниот протовник. Се додека има теоретски шанси за директен опстанок ние ќе се бориме со последната капка пот. Шкупи е одлична екипа, но во неделниот меч и ние ќе се прашуваме“ – вели Талески по вчерашната голема победа над Шкендија.

pobeda radost

Победа сега на првенствената табела има 29 бода, осум повеќе од претпоследнопласираната Брегалница, додека Шкупи има 33 бода на позицијата која обезбедува директен опстанок во лигата.

Се вчитува...