Талески спаси бод за Балинген против Томовски

Пресметката меѓу Филип Талески и Мартин Томовски во Бундес-лигата заврши без победник, откако дуелот меѓу Балинген и Лудвигсхафен заврши со израмнети 25-25.

Главен „виновник“ за ваквиот конечен исход е токму Талески, кој на една минута до крајот го постигна израмнувачкиот погодок, спречувајќи пораз на Балинген. Македонскиот бек одигра одличен натпревар постигнувајќи четири гола, но и шест асистенции за погодоци на соиграчите. На спротивната страна, Томовски за 21 минута игра имаше четири успешни интервенции.

Жарко Пешевски со Штутгарт претрпе минимален пораз на гостувањето против фаворитот Рајн-Некар Левен (33-32). Македонскиот пивот го заврши дуелот со поранешниот првак со три постигнати погодоци, без ниту едно промашување.

Се вчитува...