Таневски останува на клупата на Беса и следната сезона

Второлигашот Беса денеска објави дека ја продолжува соработката со тренерот Александар Таневски на уште една сезона, со што тој останува дел од тимот и во натпреварувачката 2023/24 година.

Таневски дојде во Беса во текот на штотуку завршената сезона, и денеска договори нова соработка. Инаку амбициите на Беса се пласман во прволигашката конкуренција, и за таа цел вчера беа ангажирани Бурим Садики и Арменд Алими.

Таневски во минатото беше тренер на Македонија ЃП и Академија Пандев.

Се вчитува...