Танкоски: Резултатот не треба да не залажува

Да се задржи позитивната атмосфера и победничкиот ритам во последните три натпревари од групната фаза. Тоа е императивот за младиот состав на Металург пред продолжението на натпреварите во Лигата на шампионите. Металурзи  в недела го пречекуваат тимот на Чеховски медведи против кој во претходното коло ја забележаа првата победа на гостински терен сезонава (26-32). Но, иако ја носат фаворитската улога и во втората пресметка со рускиот тим на домашен терен, сепак во Металург се максимално внимателни во пресерта на неделниот дуел.

„Овој натпревар со Чеховски медведи, мислам дека ни е најважен во Лигата на шампионите, бидејќи ако го добиеме, имаме шанса да се бориме и за второто место во групата. Со оглед на резултатот, таму лесно победивме, но тоа не треба да не залаже. Тие сепак се добра екипа“, вели 19-годишниот бек на Металург, Марио Танкоски

Натпреварот Металург – Чеховски се игра в недела во 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“

Се вчитува...