Тасевски: Драматична победа, најважно е што се враќаме во трка за 4. место

Силекс во повеќе од драматична завршница со два гола во последните две минути успеа со пресврт да слави 3-2 против Брегалница во дербито на Исток во македонската Прва лига.

По триумфот нескриено е задоволството во таборот на кратовци, а за стратегот Жикица Тасевски, и покрај одредени негативности во играта, најважни се трите бода со кои Силекс се враќа во трката за четвртата позиција на табелата.

„Покажавме дека фудбалот се игра се до последниот свиреж на судијата. Без разлика на негативниот резултат кој го имавме во второто полувреме, покажавме карактер и успеавме во судиското продолжение да постигнеме два гола за комплетен пресврт. И, секако задоволни сме од тоа“ – вели Тасевски, притоа дополнувајќи:

„Но, мора да кажеме дека направивме некои грешки на овој натпревар, кои треба дополнително да ги анализираме. Најважно, во секој случај, е што со овие три бода се враќа во битката за четвртата позиција на табелата“.

Се вчитува...