Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе го пречека Борец во натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „лавовите“, Жикица Тасевски вели бидејќи ова е прв домашен натпревар во пролетниот дел од сезоната, императив е победа, но и покрај сите проблеми со кои се соочува велешкиот тим нема да биде лесен натпревар.
„Нема да биде воопшто лесно и покрај сите проблеми со кои се соочува Борец. Тие успеаја да создадат респектабилен тим, што покажаа и на првиот натпревар против Шкупи кој тесно го загубија. Сепак, за нас императив во овој меч е победа, бидејќи е прв наш натпревар на домашен терен во пролетниот дел од сезоната. Кога се работи за повредени фудбалери покрај голманот Христијан Стефковски, на овој меч нема да можам да сметам ниту на Самир Фазли. Очекувам добар натпревар со одличен противник и како што кажав и во неколку наварати претходно, одличниот есенски дел од сезоната, мораме да го потврдиме и пролетва“, изјави Тасевски.
Натпреварот на стадионот во Ѓорче Петров меѓу домашната Македонија и велешки Борец е закажан со почеток од 14 часот.
ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СТРУГА ТЛ
Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА
ВЧЕРА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА