Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим и Лум во недела ќе се сретнат во натпревар кој е од големо значење за двата тима во битката за Европа.
Тренерот на „лавовите“, Жикица Тасевски вели дека Струга е одличен тим, а нивниот тренер Срѓан Захариевски завршува одлична работа сезонава.
„Очекувам убав и тежок натпревар. Струга игра неверојатно сезонава и со право се борат за излез во Европа. Мојот колега Срѓан Захариевски го ценам многу и сметам дека заврши одлична работава сезонава во клубот. Натпревар од големо значење за нас во борбата за едно од местата кои водат во европските купови. Се надевам дека на крајот ние ќе бидеме подобриот и посреќниот тим и ќе стигнеме до бодовите на овој меч“, изјави Тасевски.
Натпреварот кој ќе се игра во Ѓорче Петров е закажан за во недела со почеток во 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА