Тасевски: Одложувањето на стартот на пролетниот дел не делуваше добро за нас

Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Жикица Тасевски вели дека ремито (1-1) на неговата екипа на гостувањето против Струга ТЛ на стартот од пролетта е реално, ако се погледне и дека двете екипи одиграле незадоволувачки натпревар.

Според Тасевски причина за тоа има и одложувањето на стартот на пролетниот дел од шампионатот.

„Одложувањето на првенството не делуваше најдобро за нас, бидејќи последната тест средба ја одигравме на 3. февруари. Не само ние, туку и нашиот противник играше во грч, што донесе многу борба, а малку допадлив фудбал. Успеавме да постигнеме погодок од прекин и да поведеме, но не успеавме да го задржиме и мислам дека ремито е реално“ – ни изјави Тасевски по денешниот дуел во Струга.

Се вчитува...