Тасевски: Важен триумф над Силекс за враќање на самодовербата

Македонија ЃП стигна до првиот триумф во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако во 22. коло славеше на домашен терен над Силекс со минимални 1-0.

Тренерот на „лавовите“ Жикица Тасевски вели дека овој триумф е многу важен за враќањето на самодовербата на фудбалерите.

„Многу важен триумф за нас за враќање на самодовербата. Во кодот на Македонија ЃП е секогаш да оди на победа и на добар резултат. Малку послабо го отворивме пролетниот дел и оваа победа е од големо значење за нас. Промашивме зицер со кој можевме порано да ја завршиме целата работа и да не го внесеме натпреварот во неизвешна завршница, но сепак успеавме да го задржиме водството и на крајот да се радуваме на голема победа. Не очекува тешка последна третина во која главна цел за тимот е излез во Европа“ вели Тасевски. 

Македонија ЃП во моментов се наоѓа на третата позиција на првенствената табела зад Шкендија и Шкупи.

Се вчитува...