Тасевски: Заминувам од Македонија ЃП, чин на морална одговорност е мојата оставка

Жикица Тасевски повеќе не е тренер на Македонија ЃП, откако неговиот тим загуби на домашен терен во трилер натпревар од Струга Трим и Лум со 2-3. Иако во есенскиот дел од сезоната „лавовите“ беа хит во шампионатот, големиот број на заминувањата во јануарскиот преоден рок доведе до тоа тимот да е непрепознатлив во вториот дел од сезоната.

Тасевски за ЕКИПА.МК вели дека по денешниот „луд натпревар“ против Струга Трим и Лум, чин на морална одговорност е да го напушти клубот.

„Како чин на морална одговорност одлучив на спогодбен начин да се разделам со Македонија ЃП, иако мислам дека има добра екипа која може да обезбеди излез во Европа. Благодарност на раководството на тимот со кој имав одлична соработка периодов и им посакувам среќа и да успеат да се пласираат на едно од местата кои водат во Европа“, изјави Тасевски. 

Македонија ЃП до крајот на шампионатот ја очекува тешка борба за задржување на третото место кое следната сезона води во европските натпреварувања.

Се вчитува...