ЕКИПА во Сарагоса,
Стеван Цаневски
Виктор Ташовски имаше зад себе успешна сезона во дресот на ТФТ, по што младиот бек заслужено доби и повик во сениорската репрезентација за настап во финишот од овој квалификациски циклус.
Тој првите минути во сениорскиот репрезентативен дрес ќе ги има против европскиот шампион Шпанија.
„Голема чест и задоволство да се биде дел од најдобриот национален тим, ќе дадам се од себе да ги оправдам очекувања и довербата на селекторот Бајиќ. Имаме голема помош од поискусните кошаркари, што пак е од големо значење за нас младите играчи. Не чека тешка средба, играме против актуелниот светски првак на гостински терен. Шпанија не е во најсилен состав, но тоа не менува ништо. Мора да играме цврсто во одбраната, ќе се обидеме да бидеме достоен противник“, изјави Ташовски по денешниот тренинг во Сарагоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА