Тасовски: Не требаше да го потценат Работнички…

Крилото на Работнички, Диме Тасовски беше задоволен што на најдобар можен начин тој и неговите соиграчи се вратија од поразот против Куманово, славејќи во вечното дерби против градскиот ривал МЗТ Скопје. Среќен што неговиот тим имаше поддршка од навивачите, кои ја „запалија“ салата и направија фантастична атмосфера, Тасовски смета дека Работнички бил потценет од страна на актуелниот шампион.

„Ова беше тешка победа. Бевме под притисок поради поразот во Куманово и загубеното второ место на табелата, а оваа победа многу ни требаше. МЗТ не потцени, тоа им беше првата грешка, бидејќи на домашен терен ретко кога губиме. Бевме многу добро тактички организирани, во првото полувреме не служеше шутот, а кога тие ни ги затворија сите опции, шансите ги користевме под кош. Денес одлучи искуството. Сега треба да останеме фокусирани и за следните две гостувања против Кожув и Фени и да заработиме уште две победи“ – истакна Тасовски.

Се вчитува...