Тата Мартино ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Аргентинскиот тренер Херардо Тата Мартино најверојатно ќе стане нов шеф на стручниот штаб на Интер Мајами.

Според аргентинските медиуми, Мартино и Интер постигнале начелен договор, па се очекува тој наскоро да го преземе тимот од Мајами.

Доколку оваа вест се оствари, тоа ќе биде трет пат Мартино да соработува со Лионел Меси, кој неодамна премина во Интер.

За прв пат Тата соработуваше со Меси во 2013 година кога ја водеше Барселона. Мартино набргу по заминувањето од Каталонија ја презеде и аргентинската репрезентација, но и таму не ги постигна очекуваните резултати, бидејќи беше поразен во финалето на Копа Америка.

Се вчитува...