Манчестер Јунајтед се соочува со лоша сезона. Последниот пораз од Кристал Палас од 4-0, го донесе менаџерот Ерик тен Хаг во многу лоша позиција, а наголемо се зборува за негов отказ. За да биде приказната уште полоша, на мечот против Арсенал не може да смета на еден од клучните играчи.
Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт, само што се врати од повредата, повторно се повреди, и повторно го чека пауза.
„Мејсон Маунт нема да биде во комбинација за Арсенал. Навистина нема среќа сезонава, и доби нова повреда“, изјави Тен Хаг.
Маунт паузираше од крајот на ноември до почетокот на март. Одигра четири натпревари, а со Кристал Палас играше 80. минути, и сега однвоо ќе биде надвор од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА