Таунсенд: Не го провоцирав Роналдо, само покажав почит кон најдобриот играч на сите времиња

Во саботното дерби во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на своите фанови и одигра само 1-1 против Евертон. Уште поголема горчина за фановите на „црвените ѓаволи“ предизвика славјето на голот на гостите, момент кога Андрос Таунсенд во стилот на Роналдо се израдува пред присутните на „Олд Трафорд“.

Марсијал со прекрасен погодок во првиот дел донесе водство за „ѓаволите“, но во вториот, по една фантастична тимска акција, Таунсенд ја закова топката во голот на Де Хеа и се реши да прослави во стилот на Кристијано Роналдо, на што наиде на реакции од домашната публика.

Многумина тоа го сфатија како провокација кон Роналдо, но искусниот англиски офанзивец веднаш демантираше. По натпреварот Таунсенд на социјалните мрежи се пофали со дресот на Роналдо и покажа голема почит кон ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...