Таунсенд му фаќа сеир на Јунајтед: Моравме да победиме поубедливо

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во првиот натпревар во сезоната во Премиер-лигата. Избраниците на Оле Гунар Солскјер загубија на домашен терен од Кристал Палас со 1-3. Фудбалерот на тимот од Лондон, Андрос Таунсенд, вели дека неговиот тим требало да оствари и многу поубедлива победа.

„Задоволен сум од победата, но моравме да победиме поубедливо. Можевме да дадеме уште голови, не само три, бидејќи имавме многу шанси“, изјави Таунсенд. 

Јунајтед во преодниот рок го доведе Дони ван де Бек кој имаше добро деби бидејќи постигна гол, но тоа беше премалку за „црвените ѓаволи“ да обезбедат позитивен резултат во првиот меч од новата сезона.

Се вчитува...