Тажен крај – Агуеро во среда ќе објави дека ја завршува кариерата

Еден од најдобрите напаѓачи во последната деценија, Серхио Агуеро за жал мора да ја заврши кариерата порано од очекуваното. Тој веќе подолго од еден месец е надвор од терените поради срцеви проблеми.

Агуеро последниот настап во дресот на Барселона го имаше на 30. октомври на мечот против Алавес кога мораше да биде променет на полувреме бидејќи имаше проблеми со дишењето.

Докторите ја следат неговата состојба од ден во ден, но се поизвесно е дека тој веќе нема професионално да се врати на терените. Шпанските медиуми објавија дека Агуеро во среда ќе објави крај на кариерата бидејќи не сака да го ризикува својот живот.

Се вчитува...