Тажна вест од Франција: Докторот на Ремс заболе од Ковид-19, па се самоуби

Тажна вест доаѓа од фудбалска Франција, откако клупскиот лекар на прволигашот Ремс, Бернард Гонзалез, изврши самоубиство неколку дена откако заболе од Ковид-19.

Гонзалез (60) пред неколку дена бил тестиран и дознал дека е болен од коронавирус, а следниот ден било утврдено дека и неговата сопруга исто така е позитивна. Двајцата биле во карантин, а Бернард Гонзалез пред самоубиството напишал и писмо објаснувајќи го овој чин.

„Шокиран сум, Бернард беше човек што го персонифицираше нашиот клуб, неверојатен професионалец. Над 20 години беспрекорно си ја вршеше работата, секогаш несебично нудејќи ја помошта, работејќи и бесплатно кога се соочувавме со најголемите финансиски проблеми“, изјави претседателот на Ремс, Жан-Пјер Кело.

Се вчитува...