Арсенал има предност од 0-4 на полувремето против Вест Хем на „Олимпискиот стадион“ во Лондон. Тоа придонесе навивачите да си одат од стадионот и да се упатат кон своите домови уште на полувремето.
Само чудо го спасува Вест Хем од убедлив пораз на домашен терен, а фановите разочарани веќе ги испразнија трибините.
Вест Хем прими четири гола за само 13 минути. Најпрво Салиба во 32. минута донесе предност, па Сака во 41. минута зголеми на 0-2. Габриел донесе 0-3, а во судиското надополнување погоди и Тросар за 0-4 на полувреме.
За разлика од навивачите на Вест Хем, фановите на Арсенал се во еуфорија по оваа убедлива партија на нивните играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА