Тажни вести од Италија: Не издржа младиот фудбалер на Аталанта

Тажни вести од Италија. Не издржа борбата на младиот фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди кој денеска почина откако пред три дена имаше мозочно крварење.

20-годишниот Риналди во петокот, во својот дом во Комо, доживеа мозочно анеуризма за време на индивидуален тренинг. Веднаш бил пренесен во болницата во Варезе, но по тридневна борба лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Младиот фудбалер сезонава ја мина на позајмица во четвртолигашот Лењано и беше меѓу најзаслужните што оваа екипа беше пред промоција во третата италијанска лига.

Се вчитува...