Темелковски: Да излеземе како победници од двомечот со Каунас

Еурофарм Работник во своето деби во европските купови, утре (19 ч.) во салата „Младост“ во Битола го пречекува Гранитас Каунас од Литванија, во 3.коло од Челинџ купот. Во битолскиот тим се надеваат дека ќе имаат успешен старт и дека дебито на европсак сцена ќе го одбележат со победа.

„Имавме неколку натпревар во Суперлигата во кус период, па не го анализиравме противникот детално. Во последните неколку дена имавме можност да гледаме натпревари и можам да кажам дека играат брз ракомет и мора да подготвиме соодветна тактика за да ги сопреме. Чест ми е што ќе ја водам екипата на овој прв меѓународен натпревар за клуб како Еурофарм Работник и се надевам дека во овој двомеч ќе излеземе како победници и ќе обезбедиме продолжен настап во Челинџ купот“ – изјави тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски.

Поддршката од навивачите ќе биде дополнителен поттик за ракометарите на Еурофарм Работник да изборат позитивен резултат во утрешниот прв меч за мирен реванш на 25 ноември во Литванија.

Мора да бидеме мудри и да размислуваме дека ова е двомеч и одлуката за пласман во следното коло ќе падне на вториот меч во литванија. Имаме начени сознанија со каков ривал ќе се соочиме, а утре ќе се запознаеме подобро со можностите на противникот. Сакам да ги повикам навивачите да ни дадат поддршка бидејќи со нивна помош може полесно да избориме пласман во следното коло во Челинџ купот“ – вели левото крило на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески.

Се вчитува...