Темпераментниот Видал не останува во Интер

Артуро Видал оваа сезона е еден од најконстантните играчи во редовите на Интер со 30 одиграни натпревари, но играчот за врска нема да остане во редовите на миланскиот состав и следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.

Проблемот е темпераментот на чилеанскиот интернационалец, кој неодмана не беше задоволен од одлуката на Конте да го замени на мечот против Јувентус со Кристијан Ериксен.

„Секогаш 22, секогаш бројот 22 излегува од игра“ – прокоментира Видал кон четвртиот судија.

Пред играчот од средниот ред е пауза од месец дена поради повреда, а на 33-годишникот не му оди во прилог ниту покачувањето на платата која следната сезона треба да изнесува шест милиони евра. За неговите услуги се заинтересирани Фламенго, Галатасарај и Марсеј.

Се вчитува...