Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг проблемот за лошата форма на неговиот тим, осумте порази во Премиерлигата и неуспехот во европските натпреварувања во првиот дел од сезоната го најде во повредените фудбалери.
„Црвените ѓаволи“ не можеа да сметаат на неколку стандардни првотимци во првиот дел од сезоната, а Холанѓанецот е уверен дека со нивното враќање на теренот во 2024 година ќе се подобрат и резултатите на тимот.
„Очекуваме на средината на јануари да се вратат повеќе фудбалери. Маунт, Касемиро, Мартинез, Маласија, па и Мегваер. Оптимист сум, кога ќе се вратат овие играчи и со малку среќа во однос на повредите, ќе биде како да сме добиле пет-шест засилувања во јануари.
Мислам дека ниту еден друг тим не би можел да издржи со толку проблеми колку што имавме ние, затоа мора да бидеме задоволни со бројот на освоени поени. Кога ги имавме сите играчи на располагање, го докажавме тоа против Арсенал, Ливерпул и Астон Вила, можевме да ги добиеме сите натпревари. Покажавме дека сме квалитетни и без толку играчи во составот, можеме да им парираме на најсилните екипи во лигата ако продолжиме со посакуваниот менталитет“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА