Бразилецот Фред настапуваше за Манчестер јунајтед од 2018 до 2023 година, а во гостувањето на еден подкаст тој говореше за бројните тренери што го водеа тимот на Јунајтед во неговиот период како играч.
За бразилскиот играч за врска нема дилема, најлош од карактер од сите бил Ерик тен Хаг, кој не успеал да најде начин да комуницира со фудбалерите.
„Ерик тен Хаг, човекот е опседнат со тактика, добар тактичар, но г..но од човек. Искрено го мислам тоа, бараше проблеми каде што ги немаше, постојано влегуваше во конфликти со фудбалерите. Се расправаше со Роналдо, па со Рашфорд, со Кашемиро, понекогаш и со мене. Па потоа немаше да ме става во тимот на неколку натпревар, беше навистина стресно… Само неговите Холанѓани, играчите што тој самиот ги донесе, само тие играа и беа среќни со него“, истакна Фред.
Тен Хаг беше менаџер на Манчестер јунајтед од 2022 до 2024 година по што доби отказ. Потоа холандскиот стратег седна на клупата на Баер Леверкузен, по што експресно доби отказ по само неколку кола и од клупската управа беше опишан како „најлош тренер во историјата“.
Се чини, Фред не е толку далеку од вистината…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
