Манчестер Јунајтед доживеа дебакал на гостувањето кај Брентфорд, откако избраниците на Тен Хаг си дозволија во само едно полувреме да бидат „изрешетени“ со четири гола (4-0). Овој катастрофален настап предизвика бура негативни реакции и коментари.
По понижувањето во Лондон, трофејниот стручњак го призна фијаското на вториот овосезонски натпревар.
„Моја одговорност е да дадам објаснување, јасно е дека настапот беше лош. Уште во прво полувреме сакав да го заменам целиот тим, кога правите вакви грешки, не можете да добиете натпревар, не може да се прават вакви грешки на ова ниво. Мора да бидете подготвени за битка и да се борите како поединец и како тим, мора да се подобриме бидејќи не можеме да продолжиме вака … на овој тим му фали глад за победи. Јасно е дека ни требаат нови фудбалери, но не сакам да зборувам сега за тоа, бидејќи овие фудбалери кои ги имаме мора да одиграат многу подобро. Очекував подобар старт, но мора да продолжам да верувам во позитивни работи во иднина“, изјавил Тен Хаг.
Јунајтед следниот викенд го очекува уште потежок ривал, ако се земе в предвид дека во рамки на ПЛ ќе биде одиграно дербито со Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА