Тен Хаг: Иднината на Де Хеа во јунајтед ќе биде позната за време на Светското првенство

Менаџерот на англискиот премиер-лигаш Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг говореше околу иднината на голманот Давид де Хеа во клубот од „Олд Трафорд“.

Тен Хаг вели дека околу иднината со шпанскиот голман тој ќе разговора во текот на Светското првенство во Катар. За потсетување, Де Хеа не се најде на списокот на селекторот на „црвената-фурија“ Луис Енрике за претстојниот Мундијал во Катар.

„Кога ќе стигнеме на крајот на овој дел од сезоната и ќе дојде време за Светското првенство ќе размислуваме за тоа. Ние имаме идеја како да се договориме со него. Јас сум многу среќен со Давид. Тој е одличен голман“, изјави Тен Хаг. 

 

Се вчитува...