Тен Хаг има амбициозен план: „Ремонтот“ на Манчестер Јунајтед ќе почне со Нголо Канте?

Ерик Тен Хаг планира да доведе неколку врвни засилувања на „Олд Трафорд“, а на врвот на листата со желби кога станува збор за средниот ред се наоѓа Нголо Канте од Челси. Ова утрово го обелодени весникот „Дејли Мејл“, според кој холандскиот стручњак е голем фан на Канте и ќе стори се за да го убеди Французинот да се пресели во Манчестер.

Средниот ред ќе биде значително ослабен со оглед на најавените заминувања на Погба и на Матиќ, па на новиот тренер му е јасно дека ќе мора да донесе квалитетен играч, пред се на позицијата последен играч за врска која беше сериозен проблем на Јунајтед сезонава.

Во прилог на „црвените ѓаволи“ оди и фактот дека Канте влегува во последната година од договорот со Челси, а Французинот веќе не е стандарден првотимец во плановите на Томас Тухел. Германецот планира дополнително да го засили средниот ред на „сините“, што би можело да ја отвори вратата за заминување на францускиот репрезентативец, но прашање е дали Челси ќе сака да го продаде Канте на директен ривал, ако се знае дека сериозен интерес за овој фудбалер покажува и ПСЖ.

Се вчитува...