Тен Хаг: Јас сум човекот кој ќе му ја врати славата на Јунајтед

Првото коло од Премиер лигата веднаш ги врати навивачите на Јунајтед во суровата реалност. Поразот од Брајтон уште еднаш беше разочарувачки, а неубедливиот преоден рок, отсуството на стратегија, отсуството на план ја уништува вербата на навивачите.

Се чини дека со секој нов менаџер ситуацијата се влошува, но Ерик Тен Хег уверува дека може и подобро.

„Убеден сум дека ќе успеам, успеав секаде. Ако седам тука четири години, сигурен сум дека ќе имаме една титула. Потребно е време, а во фудбалот понекогаш немате време за толку голем предизвик. Враќањето на успехот е долгорочен процес и бара многу работа, добра стратегија, вистински луѓе и работа од ден на ден. Но, јас ве уеврувам дека ќе ја вратам старата слава на Јунајтед“, изјави Тен Хаг.

Јунајтед денеска од 18.30 часот гостува кај Брентфорд и мора веднаш да почне да победува доколку сака да се врати на врвот.

Се вчитува...