Тен Хаг: Јунајтед може да се бори со Сити, секоја доминација има крај

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, зборуваше за можноста неговиот тим следната сезона да се бори за титулата во Премерлигата. Тој рече дека никој не може да каже дека ќе се бори за титулата после толку добри екипи, освен Манчестер Сити кој во моментов доминира во англиското првенство.

Тен Хаг искажа уверување дека неговиот тим може да се носи со Сити.

„Никој не може да си дозволи да каже дека со сигурност ќе ја освои Премиерлигата. Можеби само Манчестер Сити кој има четири титули во последните пет години. Секој клуб најпрво треба да се бори за топ 4, па потоа да се стремите кон првите две места. Сите доминации завршуваат. Покажавме лани дека можеме да се носиме со Сити и го победивме минатата сезона. Но, сакам да зборувам за нашиот проект. Способни сме да победуваме големи тимови како Сити. Во тие мечеви видовте дека ние го подобривме нивото“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...