Холандскиот стратег, Ерик тен Хаг следната сезона ќе седне на клупата на англискиот Премиерлигаш, Манчестер јунајтед, а веќе наголемо се најавуваат и новите имиња што овој стручњак би ги донел како засилување на играчкиот ростер на „рвените ѓаволи“.
Како едно од првите засилувања за „црвените-ѓаволи“ треба да биде соиграчот на нашиот Елјиф Елмас од Наполи, Виктор Осимен. Манчестер јунајтед е подготвен за нигерскиот напаѓач на тимот од Неапол да му исплати неверојатни 100 милиони евра. Нигериецот сезонава одигра 28 натпревари за клубот од „Диего Марадона“ на кои постигна 16 гола и запиша пет асистенции.
Ставот на Наполи е дека голгетерот не е за продажба, но понудата од 100 милиони евра многу лесно може да ги промени плановите на Аурелио де Лаурентис, кој со оваа сума може да донесе неколку врвни играчи за да го направи својот тим уште посилен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА